Лидија Јаневска е уметник кој долго време живее во Мелбурн, Австралија. Потекнува од Скопје, Македонија, од музичка фамилија. Уметноста е дел од неа, таа е и сликар / вајар, а исто така била и новинар во МРТ, Скопје. Во Австралија како вокалист / естраден уметник ја претставува македонската и балканската музика од 1994 година, каде учествувала во многу културни манифестации, како дел од културното уметничко општество.
Преку песните во дијаспората, таа ја допре душата на секој што го напуштил своето роден дом. Лидија во 2000 година го збогати својот репертоар со нов албум, кој што бил многу добро прифатен од публиката, но во 2002 година, таа се повлекува од јавната сцена да се посвети на фамилијата.
Во 2022 година, Лидија се враќа со нов сјај во уметничкото општество. Го оформува проектот Lira Show” во кој вклучува моментално, две нови песни и тој репертоар ќе продолжува да расте во 2023 година. Стилот е модерен, усовршен, уникатен. Публиката ќе има можност да ужива во оваа нова музика на Лидија и Lira Show” преку радио програми, фестивали и акустични настапи.